Сообраќаен мост над надојдената Црвена река во провинцијата Фу То утрово се урна. Неколку возила паднале во реката, три лица биле спасени и пренесени во болница.
BREAKING: Shocking dashcam video of a bridge collapse this morning in Vietnam. Unknown casualties at this time pic.twitter.com/VxwmBvKbZd
— TaraBull (@TaraBull808) September 9, 2024
Во неделата, од лизгање на земјиштето загинаа шест лица, меѓу кои и едно бебе, уште девет беа повредени во градот Са Па.
Во главниот град Ханој работниците чистеа откорнати дрвја, урнати билборди и паднати електрични столбови. Во северозападниот дел на Виетнам продолжија да паѓаат обилни врнежи, синоптичарите соопштија дека на некои места може да наврнат и рекордни 40 сантиметри дожд.
Тајфунот Јаги беше најсилниот тајфун што го погоди Виетнам во последните децении, а во саботата ја опустоши земјата со удари на ветер до 149 километри на час.
Денеска тајфунот ослабна до тропска бура, но метеоролошката агенција на земјата сепак предупреди дека континуираните врнежи може да предизвикаат поплави и лизгање на земјиштето.
Најмалку три милиони луѓе останаа без електрична енергија во провинциите Куанг Нин и Хајфонг.