вторник, 22 октомври 2024

Вицепремиерот Груби го рекламира саемот за вработување на Бехтел и Енка

Објавено на

часот

Сподели

„Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земја. Со задоволство ве информирам дека конзорциумот Бехтел и Енка кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира’Саемот за вработување’. Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на коридорите во следните пет години“, пишува на Фејсбук профилот на Груби кој е координатор за изградба на коридорите.

м

Саемот за вработување ќе се одржи утре со почеток во 16 часот, во Агенција за вработување во Гостивар, а потоа ќе продолжи со презентација и во другите градови, напиша Груби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ