петок, 25 октомври 2024

Ветувајќи му дека ќе се венча со него, му зела 6.300 евра и злато

Жена и повозрасен маж скроиле план да измамат едно лице. Таа го излажала дека би се венчала со него, па му зела пари и злато. Случајот потоа измамениот го пријавил во полиција.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(68) од тетовското село Нераште и Е.А.Н.(39) од тетовско Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – измама.

Како што информира МВР, И.С. запознал едно лице со Е.А.Н, која лажно му се претставила.

– Откако го довела во заблуда дека ќе се венчаат, тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит, се наведува во денешниот МВР-билтен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ