сабота, 19 октомври 2024

Верушевски вратил државен стан, 18 години подоцна се премислил и си го добил назад

Објавено на

часот

Сподели

Во ноември 2002 година Верушевски ги овластил своите адвокати да се откажат од станот од 47 квадратни метри и да го вратат на државата, врз основа на морална одговорност и добри намери. 18 години подоцна, преку тужба против државата, успеал да ја врати сопственоста на станот.

23.11.1995 Зоран Верушевски го потпишува договорот за стан од 47 м2
02.22.2002 ги овластува адвокатите да го раскинат договорот со МВР
16.07.2003 постигната е согласност да се раскине договорот
25.09.2010 станот се враќа во државна сопственост
19.03.2020 Верушевски ја тужи државата
01.11.2021 Граѓанскиот суд носи одлука во корист на Верушевски

Алсат успеа да ја обезбеди првостепената пресуда во Граѓанскиот суд, која датира од 1 ноември 2021 година. Одлуката на судот се заснова на повлекување на изјавата што Верушевски ја дал по 18 години, и врз основа на оваа постапка судот го презема имотот на државата и го пренесува во сопственост на физичкото лице. Образложението на Верушевски, за повлекување на изјавата се темели на фактот дека, според него, адвокатите не биле овластени да постапуваат во овој случај, и непотпишување на актот од негова страна дава основа за враќање на станот. Дополнителна причина, според него, бил фактот што тој инвестирал во станот даден од државата поради неговата службена должност, додека законските застапници немале овластување за прашањата директно поврзани со неговата сопственост и финансискиот аспект, туку само општо законско овластување за застапување.

Случајот не завршува со тоа. Од станот од 47 квадрати, Верушевски се откажал бидејќи преку службена должност обезбедил уште еден стан од 100 квадрати. До денот кога ја тужел државата, тој го користел станот за кој станува збор. Со какво право и врз која правна основа направил такво нешто не се знае, особено кога Верушевски со години не е дел од структурите на МВР, а во Владата стои дека е надворешен советник за национална безбедност со месечен приход од 74 илјади денари.

Одлуката на Граѓанскиот суд беше оценета како штетна за државата од страна на државниот правобранител кој, според информациите на Алсат, на 6 јуни 2022 година го известил премиерот Димитар Ковачевски за одлуката на судот и сомневањата за притисок на извршната власт врз судската власт, што неговиот советник можеби го извршил. Владата наместо да преземе чекори, два месеци подоцна ја менува структурата на државното правобранителство. Случајот во моментов е во жалбена фаза, а следното рочиште се очекува да се одржи во октомври. Неофицијално, случајот е отворен и во Комисијата за спречување на корупцијата.

Без  да се наруши правото на судот и страните во судењето, останува нејасно како еден државен имот завршил во негова сопственост, како Верушевски успеал да обезбеди уште еден стан кога првиот бил се уште во употреба? По која законска основа судот со одлука ги враќа материјалните средства од договорот во име на физичкото лице и пред сè, како може државниот имот да се пренесе на приватна сопственост само преку повлекување на изјава дадена пред 18 години, прашуваат новинарите на ТВ Алсат.

На 3 јули годинава Врховниот суд реши државата на Зоран Верушевски да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година за предметот „Пуч“. Врховниот суд врз основа на ревизијата побарана од Државното правобранителство, а која се однесуваше на проверка на одлуката на Апелацискиот суд одлучи дека Верушевски треба да добие околу 30.000 евра за повреда на честа и угледот и за наплата на судските трошоци оти неправедно бил држен во притвор. Поранешниот директор на УБК, Верушевски ја тужеше државата и бараше отштета од 71.000 евра за 344 дена поминати неосновано во притвор за измислениот случај „Пуч“ со наводни странски служби и жолти комбиња. Апелацискиот суд одлучи дека треба да земе 42.000 евра, но по ревизијата Врховниот суд таа сума ја намали на околу 30.000 евра. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ