Цвеќе положи и делегација на Собранието на Македонија предводена од потпретседателот Горан Мисовски.
На денешен ден во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев“, како прва регуларна воена единица во Народно ослободителната војна, која прерасна во ослободителна војска и се вгради во темелите на македонската држава.
„Армијата на Македонија денес е институција во која граѓаните имаат највисока доверба и која континуирано демонстрира професионалност и подготвеност во своето дејствување согласно стандардите на НАТО. Армијата активно придонесува во справувањето со современите предизвици и во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност преку учество во меѓународни мировни мисии“, се вели во соопштението на Владата.