сабота, 19 октомври 2024
Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Вељановски: Со 4.000 амандмани ќе ги спречиме ДУП-овите за Алумина, Влае и Млечен

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија ќе ги спречи сите обиди за носење на криминални ДУП-ови кои ќе изродат нови бетонски чудовишта во Карпош., изјави денеска советникот од таа партија, Роберт Вељановски порачувајќи им на граѓаните дека можат да бидат спокојни затоа што денеска поднесуваат 4.000 амандмани на Буџетот во Советот на Општина Карпош со што времено ќе се спречи носењето на Буџетот и на ДУП-овите.

Објавено на

часот

Сподели

„Битката за Карпош не се добива со реакции на социјалните мрежи, затоа решивме да излеземе во пресрет на огромниот број на реакции и иницијативи кои стасуваат до нас деновиве од видно вознемирените граѓани на Карпош. Оваа битка ќе ја продолжиме во Советот на Општината. 

Денес поднесуваме 4.000 амандмани со кои времено ќе биде спречено носењето на Буџетот на Општина Карпош, но и спречено носењето на ДУП-овите за Алумина, Влае, Млечен и за серија други ДУП-ови кои стојат на брзата трака за реализација до февруари. 

Овие налудничави обиди мора да бидат спречени. И затоа времено ќе го блокираме носењето на Буџетот на Општина Карпош. Буџетот на Општина Карпош мора да биде креиран за потребите на граѓаните на Карпош. 

д

Имајќи ги предвид проекциите за приходите од комуналии во Буџетот, надомест за уредување на градежно земјиште во износ од 190 милиони денари јасно е дека Општината има цврста намера да ги донесе и реализира овие ДУП-ови. 

Градоначалникот Стевчо Јакимовски нека си игра со СДСМ и градежната мафија, наспроти нив стоиме ние ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со граѓаните на Карпош. Ние остануваме доследни на концептот за хумана урбанизација и квалитетно секојдневие на карпошани. Граѓаните и јавниот интeрес се сигурни со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија“., рече Вељановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ