петок, 18 октомври 2024

Вечерва концерт на ансамблот „Консонанс“ во Филхармонија

Објавено на

часот

Сподели

Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година, како една уникатна формација, која ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот кој овие инструменти го создаваат заедно. Составен е од музичари кои се членови на Филхармонија, кои освен оркестарското музицирање, ја негуваат и камерната музика, а исто така настапуваат и како солисти.

Покрај настапите на сите позначајни фестивали на домашната музичка сцена, „Консонанс“ има остварено настапи и во Црна Гора, Бугарија и САД. Ансамблот има издадено и еден носач на звук.

Во камерниот ансамбл „Консонанс“ членуваат Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ, Здравко Ангелов, Игор Бакревски и Сашко Темелковски. 

Елена Дојчинова (флејта) е вработена во оркестарот на НУ Филхармонија на позицијата прва флејта. Исто така активна е на музичката сцена како член на неколку камерни состави и како солист.

Маја Чанаќевиќ (англиски рог) долги години е член на ансамблот на Филхармонијата на позицијата англиски рог и обоа. Покрај посветеноста на оркестарското музицирање, таа настапува како солист и е член на неколку камерни состави.

Здравко Ангелов (кларинет) е истакнат солист на оркестарот на НУ Филхармонија и е нејзин долгогодишен прв кларинетист. Активно го негува солистичкиот пристап но евидентна е и неговата посветеност за камерното музицирање. Тој воедно е и водач на ансамблот „Консонанс“. 

Игор Бакревски (кларинет) е прв кларинетист во оркестарот на Филхармонијата кој активно се занимава со камерното музицирање, но и со професионално снимање на оркестарска музика. Долги години беше член и на оркестарот на Националната oпера и балет, а исто така е член на повеќе камерни состави.

Сашко Темелковски (бас кларинет) е вработен во Филхармонијата на позицијата бас кларинет и кларинет. Покрај симфониското музицирање тој е посветен и на снимање на оркестарска музика и камерното музицирање. Во „Консонанс“ членува од основањето на овој ансамбл. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ