понеделник, 18 ноември 2024

Вечерва и Зеленски ќе присуствува на вечерата на лидерите од Западен Балкан во Атина

Објавено на

часот

Сподели

На средбите во Атина ќе присуствуваат неколку балкански лидери, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Доаѓањето на Зеленски на оваа средба се чуваше во строга тајна. Зеленски е на европска турнеја, откако ги посети Шведска, Данска и Холандија. На официјалната програма за овие средби во палатата Максимос се уште нема никаква информација за некакви средби со украинскиот претседател.

На вечерата ќе присуствува претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, премиерот на Македонија Димитар Ковачески, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кристо и премиерот на Косово (или според грчките медиуми „премиерот на сепаратистичките институции на Приштина“) Аљбин Курти.

Неприсуството на конференцијата на лидерите од Албанија се толкува како дел од „замрзнувањето“ во грчко-албанските односи по затворањето на градоначалникот на Химара, Фреди Белери.

Годинава се навршуваат 20 години од Самитот ЕУ- Западен Балкан и Декларацијата од Солун во која се истакна дека иднината на Балканот е во рамките на ЕУ. Мицотакис сака да испрати порака дека Грција  продолжува да работи на оваа цел како водечка сила во регионот.Во оваа насока се и досегашните изјави на грчкиот премиер, кој континуирано ја истакнува цврстата поддршка на Грција за ЕУ перспектива на регионот, за која доста често официјална Атина потенцира дека станува уште поважна по руската инвазија на Украина. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ