петок, 18 октомври 2024

Васко Атанасов и во следната сезона ќе биде прв тренер на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје и официјално потврди дека Васко Атанасов продолжува да биде тренер на првиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

30-годишниот Атанасов шанса да го води МЗТ Скопје доби пред крајот на сезоната 2022/23 и максимално ја искористи. Ова за него ќе биде трета сезона како тренер на аеродромскиот клуб, втора од самиот почеток.

Атанасов со МЗТ Скопје веќе освои две шампионски титули како и еден трофеј во Купот на Македонија.

Младиот стратег пред МЗТ Скопје ги водеше БАС Академи, Струмица и молдавскиот прволигаш Адмиралс.

Атанасов веќе има осум кошаркари на располагање за следната сезона и тоа новото засилување, Американецот Брандон Слај, потоа Хрватот Марко Баковиќ, браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кои неодамна ги обновија договорите, како и староседелците Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ