недела, 20 октомври 2024

Варшава: Ќе дозволиме германски трупи во Полска ако тоа го зајакне НАТО

Полска нема ништо против на нејзина територија да се разместат германски трупи, доколку Берлин тоа го побара и доколку тоа го зајакне источното крило на НАТО, кажа денес заменикот на полскиот министер за надворешни работи Анджеј Шејна.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека Варшава би поддржала секаква соработка која би водела кон јакнење на источните граници на воениот пакт, како што тоа веќе е направено во Литванија.

Во таа земја, како што беше договорено во декември, Германија до 2027 би требало да размести една бригада, додека префрлањето на главните единици на идната бригада е планирано за 2025 и 2026 година. Во Литванија така за неколку години ќе има вкупно 5.000 германски војници.

Заменикот шеф на полската дипломатија денес предупреди и „дека не може да се исклучи руската офанзива да доведе до префрлање на фронтот на Запад“, што би можело да доведе до тоа во Полска да дојдат уште неколку милиони Украинци, од кои најголемиот дел жени и деца. Во Полска сега има околу милион и пол Украинци.

„Тоа за нашата земја ќе биде огромен товар, и полското општество мора да биде спремно за тоа“, кажа Шејна во интервју за Жечпосполита.

Зборувајќи за европската иднина на Украина, тој порача дека разговорите за влез на Киев во Европската Унија би одзеле многу време, бидејќи конфликтот со Русија и економските проблеми на Украина се главните пречки на нејзиниот пат кон ЕУ.

„Придружувањето (на Украина на ЕУ) нема да се случи ако биде направена огромна штета на економските интереси на Полска“, истакна полскиот функционер и додаде дека сега главна задача на Варшава, и на Брисел, е да му пружат на Киев поддршка во конфликтот.

„Мораме да ги поддржуваме онолку колку што е потребно. Тоа е од животен интерес за нас. Нов и важен апсект на оваа помош ќе биде соработката меѓу воено-индустриските сектори на нашите земји. Потребно е што повеќе оружје и муниција за Украина да доаѓаат од полските фабрики“, заклучи Шејна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ