„Црвено-црните“ полека го склопуваат тимот за новата сезона, денекса беше потврден трансферот на Сеук Гун Ким од Јужна Кореја.
Попладнево пристигна информација за уште едно засилување, Вардар го соопшти и трансферот на Горан Закариќ.
Тој има 31 година и игра на позицијата крилен напаѓач, а во својата богата кариера има настапувано во Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрински, Локомотива Загреб, Универзитатеа Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос.
Има освено две шампионски титули, една со екипата на Борац БЛ, и уште една со Зрински. Има и две куп титули со екипите на Железничар и Партизан.
Горан Закариќ исто така има и два индивидуална трофеи, бил прогласен за најдобар играч во сезоната, во 2017/18 и 2020/21, настапувајќи за екипите на Железничар, односно Борац БЛ.
За националниот тим на БиХ има вкупно 11 настапи, додека за младата селекција до 21 година има забележано 13 настапи.