СЦ „Јане Сандански“ не беше целосно исполнет, но двете навивачки групи направија одлична атмосфера за уште еден голем дуел меѓу двата ривали.
Вардар брзо во натпреварот се одлепи, во текот на првото полувреме неколкупати имаше највисоки пет гола разлика, на одморот се замина со предност за црвено-црните од 15-11.
Во вториот дел Пелистер заигра подобро, Митревски почна да брани, па битолчани се вратија во игра, дојдоа на минус еден, но никако не успеаа да дојдат израмнување. Вардар во финишот од мечот повторно заигра подобро, дојде и до плус четири, на крајот конечниот резултат беше 27-24.
Марко Срдановиќ со осум голови беше најефикасен во составот на Вардар, Филип Кузмановски постигна исто толку за Пелистер.