недела, 20 октомври 2024

Вагнер ги испраќа дома телата на државјани на САД и Турција убиени во Бахмут

Објавено на

часот

Сподели

Борците на Вагнер, кои во Украина војуваат за Москва, објавија снимка на која затвораат два дрвени сандаци, а потоа едниот го покриваат со американско знаме, а другиот со турско, пренесува Ројтерс.

„Ги враќаме телата на Американецот и на државјанинот на Турција заедно со заробениците“, кажа Пригожин, стоејќи покрај ковчезите.

Американскиот државјанин загинал во борбите во Бахмут познати како „Гнездо“, додека Турчинот бил најден мртов во остатоци од зграда уништена од украинските сили, каде што бил со друга турска државјанка, кажа Пригожин.

Телото на Турчинката не било најдено, кажа Пригожин.

Вагнер го идентификувале државјанинот на САД како Николас Мајмер, поранешен војник на американските специјални сили.

Пригожин кажа дека повеќе војници загинале во борбите за градот Бахмут, отколку во целата десетгодишна војна на Советскиот Сојуз во Авганистан (1979-1989).

Борците на Вагнер ги предводеа руските сили во повеќемесечните битки за Бахмут, а Пригожин изјави дека загинале околу 20.000 негови борци, како и дека Украина имала од 50.000 до 70.000 загинати.

Ни Русија и Украина не објавија официјални податоци за своите жртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ