петок, 8 ноември 2024

Утврдена листата кандидати за член на ДИК, меѓу нив е и Демири

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, потврди пратеникот на Движењето Беса, Фадил Зендели. Пријавени се пет кандидати за нов член на ДИК – Беат Даути дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили. По утврдувањето, листата ка кандидати треба да се најде на усвојување на пленарна седница.

Објавено на

часот

Сподели

Претпладнево, седницата на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања беше прекината расправата за утврдување листа на кандидати за член на ДИК откако претседателката на комисијата Марија Георгиевска истакна дека кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени – Абдуш Демири не ги исполнува потребните критериуми, затоа што е генерален секретар на партија, на што бурно реагираше пратеникот на албанската опозиција Фадил Зендели велејќи дека тоа не е точно.

Зендели посочи дека со документите при пријавата на јавниот оглас била доставена и нотарска изјава која потврдува дека лицето не е носител на функција генерален секретар на партија, односно дека повеќе не е член на Беса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ