вторник, 22 октомври 2024

Утре вечер па до задутре рано наутро времен сообраќаен режим на дел од бул.Србија во Скопје

Поради снимање на филм утре во 18 часот ќе се затвори дел од булеварот Србија во Скопје, помеѓу булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада. Делот од булеварот повторно ќе биде отворен за сообраќај задутре во 5 часот.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за снимање на сцени од филмот „Осветлен“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ.

„Предвидено да се снима на потегот помеѓу булевар Трета македонска бригада и булевар Србија. Ќе биде затворена едната сообраќајна лента од крстосницата со булевар Борис Трајковски до крстосницата со булевар Трета македонска бригада. На истиот потег за време на снимањето ќе биде овозможено движење само на автобусите на јавниот градски превоз, товарните возила и на амбулантните возила. За време на снимањето обезбедена е полициска асистенција од СВР Скопје“, велат од продуцентската куќа „Ново македонско видео“ од каде информираат дека филмот се снима на повеќе локации низ Скопје.

Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ