„Согласно со Законот за празниците, 21 декември 2023 година (четврток), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на наставата на турски јазик.
Ова е единствениот национален празник што го прославуваат Турците во Македонија.
Наставата на турски јазик во земјава прв пат била воведена во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје во 1944 година, а од 2007 година е и неработен ден за Турците.
Според Пописот од 2021 година, од 1.836.713 резидентни жители, како Турци се изјасниле 69.795 граѓани.