Како што соопшти Уставниот суд, на средбата била констатирана успешната соработка помеѓу Судот и ТИКА во изминатите години.
„ Претседателот Костадиновски изрази голема благодарност за поддршката што ТИКА во континуитет ја дава на Уставниот суд од аспект на зајакнување на техничките капацитети и опрема за поефикасно работење. Претседателот ги запозна присутните со тековните проекти кои се во насока на унапредување на дигитализацијата во Судот, по што од страна на координаторката Бабајигит беше истакнат интерес за идна соработка и поддршка на процесот на доопремување на Судот со техничка опрема, со цел зголемување на ефикасноста на работата“, се наведува во соопштението.
На средбата е договорено соработката да се интензивира во текот на наредната година, за што ќе претстојат повеќе средби за утврдување на конкретните потреби и можности за нивна реализација.
„ Последната донација од ТИКА за Уставниот суд беше реализирана во февруари оваа година, кога Судот доби техничка опрема составена од компјутери и печатачи за вработените. На оваа соработка претходеше опремување на салата за состаноци и прес-конференции во 2020 година, како и обезбедување техничка опрема во 2013 година“, информира прес-службата на Уставниот суд.