петок, 18 октомври 2024

Уставниот суд експресно го стави на дневен ред предметот за Упатството за матични книги

Објавено на

часот

Сподели

Откако во јавноста сѐ повеќе се актуелизира прашањето за содржината на податоците во изводите на родени, венчани и умрени од матичната книга на евиденција, Уставниот суд информира дека предметот во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги ќе биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 5 јули 2023 година.

„Станува збор за предмет кој судот го оформи по сопствена иницијатива поради сомнеж за неуставност“, информираа од Уставниот суд. 

Оттаму уште соопштија дека во меѓувреме за истото Упатство поднесена е инцијатива од страна на политичка партија Левица, а судот ги проверува наводите од иницијативата.

На последната средба со новинарите, претседателката на судот, Добрила кацарска рече дека смета дека Упатството е неуставно.

„Дали во текот на постапката ќе се осврнеме и на законот или во меѓувреме ќе има иницијатива, или евентуално ние ќе оформиме предмет и за законот, тоа е нешто за кое можеме да разговараме после тоа. Во оваа фаза е оформен предмет за упатството, што понатаму, ќе видиме“, рече таа.

На иницијативата на судот реагираше министерот за правда Кренар Лога кој во соопштение до јавноста кажа дека нема ништо незаконско во Упатството за водење матични книги, потпишано токму од него.

Со Упатството, меѓудругото се предвидува и графа во која граѓаните ќе мора да кажат како се чувствуваат односно на која националност ѝ припаѓаат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ