сабота, 19 октомври 2024

Уставен суд: Сторена е повреда на слободата на мисла на новинарот Влатко Стојановски

Објавено на

часот

Сподели

„Појдовна основа за заземањето на овој став на Судот е тоа што слободата на медиумите како составен дел од слободата на изразувањето, ја опфаќа слободата на јавното информирање и слободното примање и пренесување на информации за прашањата од јавен интерес. 

Сето ова претставува предуслов на постоење на демократско општество бидејќи слободната комуникација на информации и идеи за политичките и другите општествени прашања од јавен интерес се од суштинско значење.

Ова имплицира слобода на медиумите да добиваат информации врз основа на кои тие ќе можат да ја остваруваат својата улога, да коментираат и известуваат за сите значајни прашања од јавен интерес.

Наведените околности се важни и релевантни, но не се земени во предвид од страна на надлежните судови кои одлучувале по барање на подносителот. 

Одлуката е деклараторна и со тоа барателот ќе може неговите права да ги оствари пред надлежните судови“, соопштија портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска која информираше за денешната седница на Судот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ