сабота, 19 октомври 2024

Уставен суд ќе расправа за условите за работа на работниците од Бехтел и Енка и за измената на ДУП Буњаковец 2

Објавено на

часот

Сподели

Во иницијативата на Хелсиншкиот комитет за човекови права меѓу другото пишува дека со оспорените членови на Законот за работни односи се напушта нивотo на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила.

„Се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој  во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурост и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница“, пишува во дел од иницијативата на Хелсдиншки комитет.

Иницијативата се однесува на сите оние работници кои ќе работат на изградба на автопатиштата дож коридорите 8 и 10д.

Втората иницијатива се однесува на Деталниот урабанистички план (ДУП) Буњаковец 2 плански период 2011-2016 година, а подносители се адвокат Сузана Јошевска и Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар”.

„Оспорената одлука за конкретни измени на ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со Генералниот урбанистички план (ГУП), односно границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП. Нумеричките податоци на ДУП-от се неусогласени со оние од ГУП-от. Поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Донесената одлука за ДУП е во спротивност со владеењето на правото содржано во членот 8 од Уставот, како и дека е во спротивност со членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање“, пишува во дел од иницијативата.

Од Уставниот суд информираат дека предметите се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ