петок, 18 октомври 2024

Условни казни за двајца обвинети и 1 милион денари казна за пожарот во тетовската модуларна болница

Објавено на

часот

Сподели

Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не повторат делото. Заедно со Вучевски и Клиничка болница е ослободена за делото „непостапување по здравствени прописи”. На Клиничката болница ѝ е изречена парична казна од еден милион денари.

Обвинетиот поранешен директор на Клиничката болница Тетово Флорим Бесими кого Основниот суд Тетово го прогласи за виновен оти предизвикал опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата во критичниот момент, рече дека не ја разбира денешната пресуда. Не сум потписник ниту пак имам некаква поврзаност со објектот. Најави жалба до повисоките судски инстанци.

„Не ја разбирам пресудата. Не ми е јасно како ме поврзуваат со модуларната болница, од самите докази се гледа дека не сум изведувач, не сум бил надзор, ниту сум ја примил, што постои во документите. Не сум потписник. Само знам дека сум обвинет за ПП-апарати – дали имало или немало, тоа во текот на судскиот процес го кажаа сведоците. Мене ми останува да се спротивставам на пресудата и да го барам правото во повисоките судски институции“, рече Бесими.

Доктор Бобан Вучевски кој доби ослободителна пресуда од обвинението од Јавното обвинителство дека дозволил влез на роднини во болничките соби, се заблагодари за поддршката во текот на целиот судски процес.

„Голема благодарност за сите роднини и пријатели кои во целиот целиот процес беа со мене и не дозволија да останам сам. Благодарност до адвокатскиот тим кој ме поддржуваше и ми даде сила да можеме да го спроведеме овој процес како што треба. Благодарност за правдата што излезе, јас како доктор сум бил со вас, а сега уште повеќе ќе бидам со вас“, посочи Вучевски по пресудата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ