сабота, 23 ноември 2024

Уште еден тежок удар за Путин: Во близина на Бахмут загинаа двајца високи руски офицери

Објавено на

часот

Сподели

Полковник Вјачеслав Макаров, командант на 4-та моторизирана пешадиска бригада, загинал во борбите во Доњецката Народна Република, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-потполковник Игор Конашенков.

„Командантот на 4-та моторизирана бригада, полковник Вјачеслав Макаров, лично ја водеше битката на фронтот. Два непријателски напади беа одбиени, а војниците на бригадата уништија три тенкови, четири пешадиски борбени возила и две оклопни возила на вооружените сили на Украина. За време на одбраната од третиот напад, командантот на бригадата беше тешко ранет и загина при евакуацијата од бојното поле“, изјави Конашенков.

Генерал-потполковникот ја информираше јавноста и за смртта на заменик-командантот на армискиот кор за воено-политичка работа, полковник Јевгени Бровко.

„За време на борбата за одбивање на еден од нападите, полковникот Евгениј Бровко загина херојски откако беше погоден од повеќе шрапнели“, рече Конашенков.

Министерството за одбрана денеска соопшти дека украинските сили „масовно се обиделе“ да ги пробијат линиите на руските трупи во градот Бахмут.

„Сите напади на вооружените сили на Украина беа одбиени. Немаше пробив во одбраната на руските војници“, рече Конашенков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ