среда, 6 ноември 2024

Аморим ја прифатил понудата од Јунајтед, останува двата клуба да се договорат

Рубен Аморим е на добар пат да стане нов тренер на Манчестер јунајтед, тој ги прифатил личните услови од англискиот клуб, сега се на ред преговори меѓу двата клуба.

Објавено на

часот

Сподели

На преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Рубен Аморим било дискутирано за проектот, визијата, финансиските услови за потенцијалниот договорот… На стратегот му се допаднало тоа што го слушнал и ја прифатил понудата.

Сега на ред се преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Спортинг Лисабон. Се верува дека и тие ќе завршат позитивно. Црвените ѓаволи ќе платат околу 10 милиони евра колку што е откупната клаузула во договорот на Аморим со португалскиот клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ