понеделник, 11 ноември 2024

Атлантис на Витаминка се облече во розово за охрабрување на жените во борбата против рак на дојка

Чоколадните морски школки Атлантис добија розово издание со што дел од продажбата ќе биде наменет за пациентките со рак на дојка. Со облекувањето на Атлантис во розово, Витаминка ги помага жените кои се соочуваат со болеста и воедно влијае на зголемување на јавната свест за можноста од превенирање на болеста.

Објавено на

часот

Сподели

Вклучувањето во борбата против ракот на дојка, компанијата го прави заедно со Здружението за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти ЕЗРА, каде ќе бидат донирани средствата наменети за заболените. Истите ќе бидат употребени за нивните потреби на патот во справување со болеста.

Витаминка преку розовиот Атлантис што се појавува во продажба неколку години во овој период, ги поддржува активностите на здружението и упатува апел до сите жени за поголема самосвест и редовни прегледи.

„Со ваквиот начин на поддршка што секоја година ја даваме, Атлантис стана симбол на борбата на жените кои се соочуваат со оваа болест. Подигањето на свеста за ова заболување е можеби единствениот начин за борбата против заболувањето, но за сите оние кои се соочуваат со болеста и започнуваат со лекување, потребно е да знаат дека имаат поддршка и дека не се сами во борбата против болеста”, велат од Витаминка.

Розовиот Атлантис е веќе достапен во продажба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ