недела, 10 ноември 2024

Манчестер јунајтед сака да плати 10 милиони евра за нследникот на Тен Хаг

Манчестер јунајтед е подготвен да плати 10 милиони евра и да ја активира откупната клаузула на Рубен Аморим од Спортинг Лисабон, ова попладнево го потврди клубот од Португалија.

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ бараат нов тренер откако му врачија отказ на Ерик тен Хаг по поразот од Вест Хем, и се верува дека прва желба им е Рубен Аморим.

Попладнево, Спортинг Лисабон ја извести берзата дека Манчестер јунајтед официјално пројавил интерес за стратегот.

„Манчестер јунајтед изрази интерес за ангажман на тренерот Рубен Аморим и не извести дека се подготвени да ја платат откупната клаузула вредна 10 милиони евра“ – гласи соопштението на клубот од Португалија.

Новинарот Фабрицио Романо вели дека Рубен Аморим веќе кажал ДА на понудата и проектот на Манчестер јунајтед, и само се чека двата клуба да си подадат рака.

Рубен Аморим важи за еден од најдобрите млади тренери и претходно се споменуваше како опција на Манчестер Сити за наслендик на Пеп Гвардиола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ