среда, 27 ноември 2024

УНРВА: Газа ја достигнува точката од која нема враќање, општеството е пред целосен колапс

„Доаѓаме до точката од која нема враќање во Газа, каде што очигледното непочитување на меѓународното хуманитарно право ја оштетува нашата колективна совест“, предупредува агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци, УНРВА.

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот комесар на Агенцијата, Филип Лазарини, побара дополнителни средства и изјави дека „државите мора да најдат политичка волја да стават крај на оваа трагедија“.

„Неуспехот да се дејствува и да се запре масакрот засекогаш ќе го оцрни нашиот кредибилитет како претставници на меѓународната заедница и ќе поттикне бескрајни циклуси на насилство што на крајот ќе нè зафатат сите нас“, рече тој.

Агенцијата наведува дека 133 нејзини работници се убиени од 7 октомври, додека „од почетокот на војната биле пријавени 129 инциденти кои ги погодиле просториите на УНРВА, некои објекти биле погодени повеќе пати“. Се додава дека „34 инсталации на УНРВА биле директно погодени и 57 инсталации претрпеле колатерална штета. УНРВА, исто така, примила извештаи за воена употреба на нејзините капацитети во најмалку пет наврати“.

Томас Вајт, директорот за операции на УНРВА во Газа, објави на Твитер дека „граѓанскиот поредок се урива“ во Појасот Газа.

„Улиците се диви, особено откако ќе се стемни, некои конвои со хуманитарна помош се ограбени, а возилата на ОН се гаѓани со камења. Општеството е пред целосен колапс. УНРВА продолжува да му служи на населението со ограничената помош што ја имаме“, напиша тој.

Во услови на интензивно израелско бомбардирање, Палестинците во Газа се соочуваат со тешка прехранбена криза бидејќи недостатокот на камиони со помош остави многумина на работ на глад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ