вторник, 26 ноември 2024

Унгарија најави тужба против ЕК поради трошоци за заштита на границата

Унгарија е подготвена да ја тужи Европската комисија за да ги компензира трошоците за заштита на надворешната граница на Европската унија, која, како што тврди, ја чинела околу две милијарди евра, изјави Ѓерѓељи Гуљаш, шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Подготвени сме да ја тужиме Европската комисија откако таа делумно или целосно ги надомести трошоците направени од другите земји-членки за заштита на Шенгенската граница“, изјави за новинарите Ѓерѓељи Гуљаш.

Тој додаде дека Унгарија во последните години потрошила две милијарди евра за заштита на Шенгенската граница, а од ЕУ не добила никаков значаен придонес.

Орбан ја затвори главната транзитна рута низ Унгарија за стотици илјади баратели на азил кои бегаа од војни и сиромаштија во 2015 година, зајакнувајќи ја неговата поддршка дома, но привлекувајќи жестока критики од многу сојузници во Европската унија.

Алудирајќи на најавата на Германија дека ќе ги зајакне контролите на копнените гранични премини за да се спречи илегалната миграција, Гуљаш рече дека во Европа се гледаат промени и дека доколку Шенгенскиот договор не се користи доследно, Шенген ќе пропадне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ