сабота, 26 октомври 2024

Унгарија избра слоган за претседавањето со ЕУ: „Да ја направиме Европа повторно голема“

Унгарија ќе го преземе претседавањето со Европската Унија на 1 јули, а ќе ја води под слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, што е копија на слоганот на Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Паролата ја објави унгарскиот министер за европски работи Јанош Бока на конференција за новинарите пред почетокот на претседавањето.

„Нашиот слоган упатува на идејата на претседателството кое е активно и на теренот, на тоа дека сме посилни заедно, со почитување на сопствениот идентитет“, им кажа на новинарите во Будимпешта Бока.

Тој не сакаше да го уфрли Трамп во приказната, одговарајќи дека не е сигурен „дека претседателот Трамп некогаш сакал Европа повторно да биде голема“.

Покрај слоганот, претставено е и логото на претседавањето, Рубикова коцка која Бока ја опиша како „суштината на унгарскиот гениј’.

Унгарија дефинираше седум приоритети меѓу кои јакнење на конкурентноста на блокот, борбата против нелегалните миграции, што е една од главните политики на унгарската влада.

Министерот кажа дека Унгарија ќе го искористи своето претседавање со ЕУ за да воведе нов земјоделски договор фокусиран на земјоделските произведувачи и поефикасна заштита на надворешните граници за да ја сузбие миграцијата, и да ја подобри политиката на враќање, пренесува Политико.

Истовремено Бока кажа дека ќе се работи на напредувањето кон ЕУ со фокус на Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија.

„Сакаме стратегија на проширување заснована на заслуги со конкретни цели на Западниот Балкан“, кажа тој и кажа дека ќе бараат опипливи чекори „во однос на Молдавија, Грузија и Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ