петок, 18 октомври 2024

Уметникот Емил Солески во „Македониумот“ го презентира „Керамикум во мермер“

Објавено на

часот

Сподели

„Мултимедијалниот проект ја опфаќа проекцијата на уметничко-документарниот филм ‘Желбеник’ сниман на пет неолитски локалитети низ Македонија. Ги опфаќа локалитетите Врбјанска Ќука – прилепско, Велушка Тумба-битолско, Заливот на коските- Охрид, Церје Говрлево-Скопско и локалитетот Барутница од Овчеполието. На локалитетите се снимени камените-желбеници и се исценирани неолитски села.  Пораката е претставување на куќата-желбеник која го манифестира идентитетот на домаќинството и да го потенцира исклучителното значење на трите дела: земја-вода-сонце, предуслов за благосостојба и културен подем“, изјави Солески.

На презентацијата, Марко Солески со звуците на тамбурата потсети на традицијата, дополнувајќи ја атмосферата во Македониумот во Крушево.

Мултимедијалниот проект „Керамикум во мермер“ на Солески лани беше претставен во Заливот на коските во Охрид и во Музеј на Македонија во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ