недела, 20 октомври 2024

Уметничко предупредување дека центарот на Скопје нема јавни тоалети

На повеќе локации околу мостот Гоце Делчев и во Градски парк во Скопје, беа поставени знаци со натписи кои се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети во главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

На ваков начин се прави обид да се актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем за кој градот досега не понудил решение.

„Денеска во утринските часови на повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и во градскиот парк во Скопје, беа поставени знаци со натписи кои се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети, горлив проблем со која се соочува граѓаните, а се во надлежност на управата на градот Скопје. За жал, јавните тоалети веќе со децении не се функционални и се без основни санитарни услови за користење. Уметникот Озбек Ајваз, со оваа акција сака да го потенцира и актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем за која градот се чини не нуди никакво решение“, велат организаторите на акцијата.

Како што информираат, оваа акција е реализирана во рамки на проектот „Артс Хаб“ , имплементиран од КСП Центар Јадро и финансиски поддржан од фондација Отворено општество – Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ