петок, 18 октомври 2024

Уметничка вечер со Томислав Османли во Загреб

Објавено на

часот

Сподели

Медијатор на уметничката вечер ќе биде професорот Ивица Баковиќ, раководител на Катедрата за македонски јазик и литература при Филозофскиот факултет во Загреб.

Делови од хрватското издание на наградениот и пошироко објавуваниот роман „Дваесет и првиот“ на Османли ќе читаат студенти. Ова издание во превод на проф. д-р Борислав Павловски пред една деценија излезе токму во Загреб во издание на престижното книгоиздателство „Сандорф“. Проследено со повеќе позитивни објави од перата на хрватските книжевни критичари Јагна Погачник, Божидар Алајбеговиќ и Теута Бутучи, како и интервјуа со нашиот автор, ова издание го отвори патот на објавите на романот „Дваесет и првиот“ и во Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет…

На загрепската авторска вечер посветена на Османли ќе настапи пијанистот Виктор Рафајловски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ