петок, 18 октомври 2024

Украл од продавница, а потоа гол се вратил да плати

Продавачка во продажен објект во Драчево било нападната и сексуално вознемирувана од 32-годишен скопјанец. Пријавениот физички ја нападнал продавачката, одзел производи, а потоа се вратил гол да плати.

Објавено на

часот

Сподели

Д.Р. (32) од Скопје доби кривична пријава од скопската полиција поради сомневање за сторени кривични дела „разбојничка кражба” и „полово вознемирување”. На 19 јули тој во продажен објект во Драчево во Скопје физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото. Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите. Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ