петок, 18 октомври 2024

Украински министер: Русите напаѓаат цивилни бродови во Одеса. Тоа се терористички напади

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха вчера ги осуди руските ракетни напади врз два брода во јужните пристаништа на Украина како „намерна терористичка тактика“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„За само два дена руските балистички напади оштетија два цивилни товарни брода во Одеса…“, напиша Сибиха на Икс. „Ова е намерна терористичка тактика. Мораме да ги здружиме силите на сите одговорни држави и организации… за да обезбедиме слободна пловидба во Црното Море и глобална безбедност на храната“, додаде тој.

Шеесетгодишен Украинец загина во напад со балистичка ракета на пристаништето Одеса на Црното Море.

Проектил погоди цивилен брод и усмрти 60-годишен Украинец, објави вчера на Телеграм Олех Кипер, воен гувернер на јужната украинска област Одеса. Повредени се пет странци, рече тој.

Бродот пловел под знамето на пацифичката островска држава Палау. Според властите, цел на руските напади повторно била пристанишната инфраструктура.

Властите известија дека и во неделата вечер при напад на руски беспилотни летала бил оштетен цивилен брод. Додека Украина инсистира дека станува збор за цивилни бродови, руското Министерство за одбрана тврди дека гаѓале воени цели.

Русија тврди дека цивилни бродови тајно пренесуваат оружје за војната во Украина. Нема докази за тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ