Москва соопшти дека дронот бил погоден, но успеал да го оштети авионот. Украина не го коментираше овој настан.
Ту-22 може да патува со брзина двапати поголема од брзината на звукот и Русија интензивно го користи за напади врз градовите во Украина. Руското Министерство за одбрана преку соопштение за медиумите објави дека нападот со дрон се случил околу 10 часот по московско време.
Локацијата е наведена како „Воен аеродром во Новгородскиот регион“, токму таму каде што се наоѓа Солци-2.
Happy Russian Aviation Day!
This day is among its worst in this war so far.
Many happy returns. pic.twitter.com/aSWWoCQhGL— Illia Ponomarenko ?? (@IAPonomarenko) August 20, 2023
„Дронот беше откриен од станицата за набљудување на аеродромот и беше погоден со оган од мало оружје“, соопшти Министерството. „Еден авион е оштетен, во овој терористички чин нема жртви“.
Во соопштението за медиумите се наведува и дека пожарот што избувнал на паркингот на аеродромот е брзо изгаснат.
Сепак, сликите објавени на Телеграм покажаа дека голем пожар го зафатил авионот со карактеристичен преден дел. Би-би-си ги анализираше сликите и верува дека тие се автентични.
Уништувањето на еден авион нема многу да влијае на војната. Меѓутоа, оваа операција ја нагласува зголемената способност на Киев да гаѓа цели длабоко во руската територија.
Во последните месеци Киев лансираше десетици дронови за напад на Москва. Солци-2 е оддалечен околу 650 километри од украинската граница.
Ту-22 е суперсоничен бомбардер со ротирачки крила од ерата на Студената војна, со кодно име „Бекфајр“, кој многу се користел во нападите на украинските градови.