недела, 24 ноември 2024

Украинците вратија село во областа Запорожје: Русите мораа да го признаат поразот

Објавено на

часот

Сподели

Рогов изјави дека украинските сили ја зазеле населбата Пјатихатки и се вкопале на заземената локација под артилериски оган од руските сили, пренесува Ројтерс.

„Непријателските напади во бранови дадоа резултати и покрај големите загуби. Тешките борби продолжуваат во таа област“, ​​рече Рогов на апликацијата за пораки Телеграм.

Украинската страна не ги коментираше овие тврдења, а Ројтерс не можеше да ја потврди точноста на изјавата на Рогов.

Официјална Москва тврди дека нејзините сили ѝм нанесуваат големи загуби на украинските сили, а рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека украинската контраофанзива „немала никакви шанси“ за успех.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ