Сепак, изјавата навестува вмешаност на Киев – во која се наведува дека „сите детали за експлозијата ќе бидат објавени по победата“. Вообичаено е украинската влада да не ја признава отворено својата улога во таквите напади. Токму овој месец, официјален претставник на украинската одбрана ја призна одговорноста за нападот на Кримскиот мост што се случи минатиот октомври.
Извор од украинската безбедносна служба утрово за Би-би-си изјави дека нападот бил „специјална операција на поморските сили на Украина и на украинската служба за безбедност“.
„Мостот беше нападнат од поморски дронови. Беше тешко да се стигне до него, но на крајот успеавме“, рекол изворот.
Киев пост објави ново видео од мостот на Крим по синоќешните експлозии. Видеото покажува значителна штета.
?This is what the #CrimeanBridge looks like now pic.twitter.com/t6ZQ1mhtr7
— KyivPost (@KyivPost) July 17, 2023
Андриј Јусов, портпарол на воената разузнавачка служба на Украина, одби да ги коментира експлозиите на мостот на Крим утринава.
„Можам само да го цитирам директорот на воената разузнавачка служба Кирил Буданов, кој рече дека мостот на Крим е непотребна градба“, рече Јусов.
⚡️”We do not comment. One can only quote the words of the head of the Defence Intelligence, Kyrylo #Budanov, that the Crimean bridge is an unnecessary construction,” Andriy Yusov, the speaker of the Main Intelligence Directorate of the Ministry of Defense of Ukraine, on the… pic.twitter.com/9a3IFQa9S5
— KyivPost (@KyivPost) July 17, 2023