недела, 27 октомври 2024

Украина почнала да гаѓа цели на територијата на Русија користејќи оружје кое ѝ го испратиле САД

Украина почна да гаѓа цели на територијата на Русија користејќи го оружјето подарено од Соединетите Американски Држави, соопшти западен функционер запознаен со ова прашање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неодамна претседателот на САД Џо Бајден дозволи со американско оружје кое Вашингтон му го испраќа на Киев да се гаѓа територијата на Русија само со цел да се одбрани областа Харков.

Директивата на Бајден дозволува оружјето кое го испорачуваат САД да се користи за напади на руските сили кои напаѓаат или се подготвуваат за напад.

Меѓутоа, таа директива на Бајден не ја менува американската политика која на Киев му забранува да користи АТАКМС или ракети со долг дострел и друга муниција за офанзивни напади во Русија.

Украинските власти бараат од САД да им дозволат на силите на Киев да се бранат од нападите кои доаѓаат од руска територија. Харков се наоѓа на само 20 километри од руската граница и е под засилени руски напади.

Руските сили го искористија американското одложување на нова воена помош за Украина за да напредуваат кон Харков. Покрај тоа, несоодветното воено производство на Западна Европа ги успори клучните испораки на бојното поле за Киев.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби кажа дека не може да потврди дали Украина употребила американско оружје за да гаѓа цели на територијата на Русија.

„Едноставно не сме во позиција од ден во ден да знаеме точно на што Украинците пукаат“, кажа Кирби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ