сабота, 26 октомври 2024

Украина одговори на условите на Путин за прекин на војната

Украина нема да ги прифати условите за почеток на преговорите за прекин на војната кои ги изнесе рускиот претседател Владимир Путин, кажа советникот на украинскиот претседател Михаило Подолјак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој го отфрли предлогот на Путин, оценувајќи дека не станува збор за сериозен обид да се постигне договор за мир и дека не е релевантен за какви било преговори. Подолјак за Ројтерс додаде дека „не постои можност да се најде компромис“ меѓу изјавите на Путин и условите за крај на војната на Киев.

Путин претходно денес изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија анектирана од Русија и да се откаже од намерата да влезе во НАТО за да почнат мировни преговори. Тој наведе дека украинските трупи мора да се повлечат од териториите на самопрогласените Луганска и Доњецка Народна Република, како и од Херсонската и Запорошката област.

„Штом Киев изјави дека е спремен за таква одлука и почне навистина да ги повлекува трупите од овие региони, и официјално ќе извести за откажување од плановите за влез во НАТО, ќе следи веднаш, буквално во истата минута, наредба од наша страна за прекин на огнот и почнување на преговорите. Повторувам, ќе го направиме тоа веднаш“, истакна Путин.

Тој истакна дека на Москва за мирно решение ѝ е потребен неутрален, вонблоковски, ненуклеарен статус на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ