среда, 11 декември 2024

Украина нема доволно пилоти за борбените авиони Ф-16

Соединетите Американски Држави направија сè што можеа за на Киев да му обезбедат напредни оружени системи, вклучувајќи повеќенаменски борбени авиони Ф-16, но украинската војска нема доволно пилоти кои би можеле да бидат обучени за да управуваат со поголем број вакви летала, тврди советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Високиот американски функционер ги отфрли обвинувањата дека воената помош која на Киев му ја испрати администрацијата на претседателот Џо Бајден може да се означи како „премалку и предоцна“.

„Напротив, Украина доби повеќе оружје благодарение на САД“, кажа тој. „Кога станува збор за Ф-16, претседателот Бајден го одобри испраќањето на Ф-16 во Украина минатиот мај“.

„Сега е декември 2024 и имавме ограничен број пилоти кои се обучени не затоа што не сме спремни да ги обучуваме – ние сме, колку што е тоа можно – туку затоа што Украинците немаат пилоти за да можат да изградат полна борбена способност на ескадрила Ф-16 на време“, истакна Саливен.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, пак, изјави дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници се спремни да опремуваат и обучуваат нови украински војници ако властите на таа земја ја прошират мобилизацијата и регрутираат поголем број војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ