Украинските сили го ослободија Купјанск во септември минатата година, а сега Русија се обидува повторно да го заземе градот и околните области.
Во последните неколку недели, руските сили ги интензивираа обидите да ги пробијат линиите на украинскиот фронт источно од реката Оскил и ги засилија воздушните и артилериските напади. „Имајќи го предвид постојаното гранатирање и безбедносната состојба на подрачјето на населбата Купјанск, наредивме задолжителна евакуација“, се вели во одредбата.