среда, 27 ноември 2024

Украина: Бројот на загинати во нападот на воениот институт во Полтава се искачи на 55 лица

Најмалку 55 лица загинаа, повеќе од 300 се ранети во силен руски напад врз воен институт во Полтава во централна Украина, според последните информации на украинските власти.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Бројот на загинатите во рускиот ракетен напад врз образовна институција во самиот град се искачи на 55“, објави Државната служба за вонредни состојби (ДСНС) на Телеграм, известувајќи за 328 ранети.

„Веројатно има повеќе луѓе под урнатините“, се вели во објавата, додавајќи дека „спасувачите досега расчистиле и однеле повеќе од 2.000 тони отпад“.

„Нападот беше извршен со две балистички ракети. Во него делумно е уништен воен центар за обука специјализиран за комуникации, а оштетена е и блиската болница“, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Нападот наиде на широка осуда од меѓународната заедница, особено од Вашингтон, кој го осуди „новото страшно потсетување на бруталноста на Владимир Путин“.

Популарните блогери и украинските власти реагираа со гнев на нападот во вторникот, обвинувајќи ја воената команда за стационирање на толку многу војници на едно место, што го прави лесна цел за Москва. Зеленски нареди целосна и брза истрага за околностите на нападот.

Русија потврди дека ракетниот напад врз украинскиот град Полтава бил насочен кон „центар за обука“ на украинската армија и дека нападот ги „уништил“ предвидените „цели“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ