недела, 20 октомври 2024

УЈП: Граѓаните што работат работи од времен карактер да поднесат барање за паушално плаќање данок од личен доход

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ги информираше сите граѓани кои се занимаваат со работа од времен карактер како што се продавачи на крофни, пуканки, пченка, цедени сокови, изнајмувачи на педалинки, кајчиња, велосипеди, лежалки, сликање со влекачи…, на пазарите и на отворени простори и локации одредени од локална самоуправа, од приредувачи на манифестации или на други отворени простори дека се должни да поднесат барање за паушално плаќање на данокот на личен доход најдоцна пред отпочнување на вршење на привремената работа.

Објавено на

часот

Сподели

„Така на пример, даночниот обврзник – физичко лице кое отпочнува да врши дејност од времен карактер на 15 јули 2024 година и дејноста ќе ја врши до 31 август 2024 година, барањето за овој период го поднесува најдоцна до 14 јули 2024 година“, нагласуваатод УЈП.

Барањето за паушално плаќање на данокот на личен доход можете да се преземе од веб страницата на УЈП или во просториите на Управата за јавни приходи ширум државата.

Заинтересираните граѓани можат и да ја контактираат Управата за јавни приходи преку инфо центарот 0800 33 000 или во регионалните дирекции односно даночните одделенија на УЈП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ