среда, 20 ноември 2024
Инспекциски служби

Угостителски објект во Охрид служел небезбедно месо, АХВ уништи 366 килограми

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) при спроведен редовен надзор на 18 овој месец во Охрид, од угостителски објект заплениле и нештетно уништиле небезбедна храна односно месо и преработки од месо во вкупна количина од 366 килограми.

Објавено на

часот

Сподели

Со контролата, како што информира денеска АХВ, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна.

„За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1.000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата висина на парична казна“, стои во соопштението од АХВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ