петок, 29 ноември 2024

Уапсен средношколец од Штип, јавно објавувал закани на Инстаграм

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од СВР- Штип го лишиле од слобода 18-годишен  Б.Д.од Штип, бидејќи во 12:18 часот во СВР Штип, од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Директорот на училиштето Марјан Арсов денеска во изјава за медиумите рече дека службите во училиштето разговарале со ученикот и со неговите родители.

 „Во текот на вчерашниот ден добивме дојава дека на социјалните медиуми од еден ученик има закана. Тоа кај нас го вклучи алармот и како директор и училиште ги презедовме сите мерки што ни се на располагање. Беше повикана целата служба и родителите на ученикот и се разговараше на таа тема“, изјави Арсов.

Според Арсов, настава има во двете смени.

„Апелираме до родителите совесно да ги пуштат децата на училиште и дека сѐ ќе биде во најдобар ред“, рече Арсов.

Ова е прва ваква објава на социјалните мрежи од страна на ученик во Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ