понеделник, 21 октомври 2024

Уапсен радовишанец, признал дека подметнал два пожари во Али Коч

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш вчера го лишија од слобода С.Р. од радовишкото село Али Коч затоа што подметнал пожари во близина на селото.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, вчера напладне во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на село Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.

„По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно ги сторил кривичните дела предизвикување општа опасност и предизвикување шумски пожар. С.Р. е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш“, соопшти МВР.

По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ