петок, 1 ноември 2024
Ако биде фатен

Турист со клучеви режел по римскиот Колосеум, ќе плати со 5 години затвор и 15.000 евра за вандализам (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Еден турист предизвика бес во петокот откако со клучеви го врежал своето и името на друго лице на ѕидовите на римскиот Колосеум.

Некои од присутните ја снимиле сцената, која најверојатно се случила на 23 јуни, а видеото заврши на социјалните мрежи и ја алармираше полицијата, пренесува Анса.

На видеото се гледа прикажува туристот, облечен во кошула и шорцеви, како врежува нешто што личи на „Иван + Хејли 23“ на зградата стара речиси 2.000 години.

„Дали си сериозен, човеку?“, го прашува лицето зад камерата додека резбарот, веројатно Иван, се врти со пакосна насмевка, а жената до него не прави ништо.

„Ова е заеб*но, човеку. Глупав шупак“, продолжува видеографот заминувајќи кон група туристи.

Видеото беше објавено и на Редит, каде што неколку корисници почнаа да повикуваат на апсење на престапникот.

„Му го имаат лицето, па се надеваме дека ќе биде уапсен и обвинет“, рече еден корисник.

Снимачот на видеото вели дека им го покажал видеото на вработените во Колосеумот, но „не им било многу гајле“.

„Многу сериозен и недостоинствен чин и знак на недостиг од манири. Се надевам дека сторителот ќе биде идентификуван и санкциониран според нашите закони“, изјави министерот за култура Џенаро Сандуљано.

Според италијанскиот закон, доколку човекот некогаш биде фатен, најверојатно ќе се соочи со парична казна до речиси 22.000 долари, како и евентуална затворска казна бидејќи Колосеумот е прогласен за светско наследство.

Но ова не е првпат некој да се обиде да остави свој белег на историскиот амфитеатар.

Во 2015 година двајца американски туристи добија траен „сувенир“ од криминално досие, откако италијанските полицајци ги фатија откако ги беа врежале своите иницијали на градбата, а потоа направиле селфи со доказот.

Двајцата туристи беа обвинети за „тешка штета на зграда од историски и уметнички интерес“, според италијанскиот весник „Ла Стампа“, и добија казна од 21.808 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ