„Намалување на индексот на трошоците на живот има кај лебот и житата за 4,7 проценти, млекото за 4,6 проценти, маслото и маснотиите за 2,4 проценти, сирењето и урдата за 2,2 проценти, свежото и разладеното овошје за 1,2 проценти, рибата и морските плодови за 0,8 проценти и јајцата за 0,2 проценти. Пораст на трошоците на животот е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, за 8,8 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,1 процент, кафето, чајот, какаото, виното за 0,8 проценти, жестоките пијалаци за 0,7 проценти, месото, прехранбените производи, неспоменати на друго место, пивото за 0,6 проценти„, објави ДЗС.
Во споредба со март лани трошоците на животот се зголемени за 14,7 проценти, а цените на мало за 10,7 проценти.