среда, 11 декември 2024

Собирањето на даноците е стабилно, уверува директорката на УЈП, Петрова

Собирањето на даночните приходи е сосема стабилно и е за 18 проценти повисоко од истиот период во минатата година, оцени денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.

Објавено на

часот

Сподели

-Заклучно со вчера се собрани околу 116 милијарди денари по основ на даноци. Заклучно, пак, со 31 октомври се собрани околу 95 милијарди денари социјални придонеси што значи дека до вчера имаме над 211 милијарди денари собрани по основ на даноци и придонеси. Со тоа имаме остварување на планот за наплата од 98 проценти“, рече Петрова во одговор на новинарско прашање на паузата од панел дискусијата „Повеќе даночни приходи за побогато општество – перцепции и перспективи“, организирана по повод Св. Матеј, Денот на даночните работници.

Нагласи дека има уште пет–шест работни дена до крајот на месецов, вклучувајќи го и даночниот ден за ДДВ – 25-ти во месецот.

„Тоа гарантира дека ќе го исполниме планот за наплата за периодот. Споредбено со минатата година наплатата на даноците е за 18 проценти повисока од истиот период во минатата година. Сите овие факти одат во прилог на констатацијата дека собирањето на даночните приходи е сосема стабилно“, потенцира Петрова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ