среда, 11 декември 2024

На македонската вечер во Белград ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Во рамки на винската визија Владата вечерва во Белград организира македонска вечер на која ќе бидат презентирани најдобрите храна, вина и пијалоци. Ќе има можност да се претстават над 300 мали, средни и големи винарии, да се ужива во македонските специјалитети, а вечерта да виде збогатена со македонските виртуози Андријана Јаневска и Наум Петревски.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во хотел Хилтон во Белград ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот.
„Она што е најважно што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра. Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија“, соопштија од Владата.
„Горд сум што денес, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот. Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот. Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето. Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена, рече премиерот Мицкоски на отворањето на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград..
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ