недела, 20 октомври 2024

Тројца тетовци фалсификувале исправа за да регистрираат кола со лажни документи

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи осомничени се лицата А.З.(75) од село Шемшово, С.И.(56) од село Стрелци и М.Н.(50) од село Мала Речица.

„Во јуни 2014 година  првопријавениот, со намера да го регистрира во државата неговото патничко возило „форд ескорт гаф“, кое не ги исполнува ЕУРО стандардите, му го продал на второпријавениот, со фиктивен странски купопродажен договор, како да бил склучен помеѓу двете лица, но во Германија.  Потоа, искористувајќи го законскиот исклучок кој се однесува за македонски државјани кои престојуваат во странство миниум една година без прекин и можноста во странска држава да поседува моторно возило најмалку шест месеци за да може да изврши регистрација на возилото во РСМ, второпријавениот, кој ги исполнува споменатите услови, заедно со третопријавениот кој бил ополномоштен да ги презема сите дејствија за регистрација на возилото, на 04.06.2014 извршиле царинење на возилото на име на второпријавениот. Потоа во Бирото за метрологија при Министерството за економија го употребиле странскиот фиктивен купопродажен договор и потврдата за престој издадена од МВР на РМ-Отсек за управни работи Охрид, по што била издадена потврда за отворање на постапка за идентификација за наведеното возило, и на тој начин извршил регистрација на истото со македонски регистарски таблички“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ